full screen background image
Search

Akio Toyoda е Светска Автомобилска Личност на Годината за 2021!

Претседателот на Toyota ја доби честа да биде прогласен за Светска Автомобилска Личност на Годината за 2021.

Ова признание го дава жирито кое го одбира Светскиот Автомобил на Годината, а го сочинуваат преку 90 интернационални автомобилски новинари. Од жирито изјавија дека „Akio Toyoda е харизматичниот претседател и извршен директор на Toyota Motor Corporation, каде тој низ годините успешно ја рекреираше компанијата. Во 2020, под негово водство, Toyota и понатаму беше профитабилна и покрај Covid-19, а со тоа ги заштити работните места ширум светот. Тој го одржа развојот на Toyota во Connected, Autonomous, Shared and Electric ерата и го започна развојот на Woven City, прототипот за градот на иднината. Сето тоа го направи додека учествуваше и во моторспорт како возач-тркач!“

Господинот Toyota се заблагодари за признанието и изјави „Во името на сите 360.000 членови на Toyota тимот ширум светот, се заблагодарувам за оваа извонредна чест. Но ако ми дозволите, би ја сменил оваа награда од Личност на годината во Личности на годината, бидејќи колективниот труд на сите наши вработени ширум светот, како и добавувачите ја направи Toyota она што е денес. Јас не би можел да бидам посреќен и поблагодарен извршен директор.“

Дополнително, тој додаде дека „Оваа година беше навистина тешка за целиот свет, но нè потсети дека најважни се луѓето. Ако Toyota може да придонесе барем малку среќа во нивните животи, тоа ќе биде мојата бескрајна цел. Ние во Toyota сме многу среќни што можевме да ги заштитиме работните места на сите членови на тимот и да продолжиме да одговараме на идните предизвици на индустријата. Како компанија сме посветени кон наоѓање нови начини да ја поддржиме добросостојбата на нашата планета и на луѓето ширум неа.“

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави урбаниот и самоуверен Aygo X

Akio Toyoda се придружи на Toyota Motor Corporation во 1984. Во 2000 се приклучи на одборот на директори, и откако напредуваше низ позициите, стана претседател на Toyota Motor Corporation во 2009. Под негово водство, Toyota целосно го смени својот имиџ, бидејќи како што тој самиот најави – нема веќе здодевни автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.