full screen background image
Search

Идната генерација на Mercedes-Benz SL ќе го замени AMG GT Roadster

Mercedes-AMG објавија повеќе информации за следната генерација на моделот SL и нејзиното позиционирање на пазарот.

Моменталната внатрешна конкуренција која моделот AMG GT Roadster му ја прави на веќе застарениот луксузен, но спорски кабриолет SL дополнително ја влоши неговата побарувачка.

Сепак, Mercedes најавуваат дека тоа во иднина ќе се промени бидејќи идната генерација на SL се вклучени големи инвестиции и ја развива спортската дивизија AMG, додека пак моделот AMG GT Roadster ќе биде отстранет од понудата.

Новиот SL ќе продолжи да биде комфорен крстосувач на долги дистанци, но ќе понуди и поспортски перформанси. Погонските единици ќе бидат поспецијални и нема да бидат исти со останатите „поцивилни“ Mercedes-AMG автомобили.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.