full screen background image
Search

Официјално: Пристигна новиот „соблечен“ Mercedes-AMG GT Roadster

Германскиот бренд конечно ја претстави кабриолет изведбата од моделот AMG GT – ќе се нуди во две верзии – основната со 469 коњски сили и врвната GT C верзија со 547 коњски сили.

Посилниот GT C Roadster не само што нуди 46 коњски сили повеќе од AMG GT S Coupe, туку позајмува и дел од технологијата со која располага „ѕверскиот“ AMG GT R. Поточно, новиот AMG GT C доаѓа со управувањето на задната оска од GT R, диференцијал со електронско заклучување и поширок заден траг. Максималниот вртежен момент изнесува 680 Nm, кои се достапни од само 1900 вртежи во минута. Mercedes изјавува дека за забрзување од место до 100 км/ч се потребни само 3.7 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 316 км/ч.

На основиот AMG GT Roadster од друга страна, му се потребни рамно 4 секунди за придвижување од 0-100 км/ч и продолжува со забрзување се додека не ја достигне брзината од 300 км/ч. Двата модели се придвижувани од истиот 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор кој се втемели во јадрото на гамата на AMG, погонувајќи ги речиси сите возила кои ја носат нивната ознака. Што се однесува до трансмисијата, исто како кај Coupe верзијата, седум-степениот автоматски менувач со двојна спојка е единствената опција.

awaga

Масата на AMG GT Roadster изнесува 1595 килограми, додека GT C Roadster тежи 65 кг повеќе, со вкупни 1660 килограми. Инженерите на AMG исто така го доработија и менувачот на посилната верзија, давајќи му повисок прв степен, пократок седми степен и конечен однос кој ќе го направи поагресивен. Додаден е и дополнителен режим на менување на степените наречен ‘Race’ – кој го мести менувачот во позиција на максимален напад за тркачка патека, правејќи ја трансмисијата да прави побрзи промени и моторот да произведува пожив звук.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Новата Mercedes-Benz S-Class поставува нов бенчмарк во сегментот на луксузни лимузини.

Двете изведби од новиот AMG GT Roadster го позајмуваат системот за активно управување со воздухот од GT R. Вертикалните перки во предниот дел на автомобилот можат да се отворат или затворат, прилагодувајќи се на воздушно ладење или подобра аеродинамика во зависност од потребата во моментот. AMG Panamericana предната решетка која содржи 15 хромирани вертикални прачки ја истакнува богатата тркачка историја на компанијата.

agegrh

Мекиот кров може да се отвори и затвори за само единаесет секунди до брзини од 50 км/ч. Структурата на трислојниот мек кров е направена од комбинација од магнезиум, челик и алуминиум со цел да се задржи ниската тежина на автомобилот. Mercedes исто така го нуди во избор од три бои: црна, црвена и беж, додека за каросеријата изборот нуди  единаесет бои.

Новите Mercedes AMG GT Roadster и GT C Roadster ќе ја доживеат својата премиера на автомобилскиот саем во Париз.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.