Audi подготви уште едно освежување за популарниот Q3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготви уште едно освежување за популарниот Q3

Популарниот Q3 на Audi е веќе релативно стар модел – па луѓето од Инголштад решија да подготват уште едно освежување за одлично-продаваниот SUV.

Со воведување на нови детали на надворешноста на Q3, Audi сака уште повеќе да ги диференцира Design, Sport и S-Line нивоата на опременост. Новиот S-Line пакет доаѓа со нов дизајн на решетките за воздух, дискретно редизајниран преден дел, а многу детали сега се обоени во сјајна црна боја. Новитет во понудата е и S-Line Competition кој дополнително го истакнува спортскиот карактер на малиот луксузен SUV.

Црната боја се проткајува околу целото возило – во црна боја се обоени крилата, детали на вратите, кровните носачи, страничните ретровизори и други ситни детали. На задниот дел, во црна боја се офарбани задниот спојлер и долниот дел од задниот браник. Во ентериерот купувачите ќе добијат спортски сеедишта обвиени во комбинација од текстил и кожа, а ќе може да се нарачаат спортски седишта обвиени во комбинација од кожа и алкантара, како и Nappa кожа.

Audi Q3 S-Line Competition ќе се нуди со големи, 19-инчни тркала во сјајна црна боја, со Y дизајн преземен од Audi Sport. Нарачките се веќе отворени, а испораките на освежениот Q3 ќе започнат оваа есен.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.