full screen background image
Search

Новиот Mitsubishi GT-Phev Concept доаѓа во Париз

Јапонскиот бренд скромно го објави новиот GT-PHEV Concept, кој ќе дебитира на овогодишниот саем во Париз и ја најавува следната генерација на Outlander.

Концептот го пренесува најновиот дизајнерски јазик на брендот и доаѓа со масивна предна решетка, тенки светлосни групи, хоризонтални странични линии, заоблен заден дел и „лебдечки“ кров, кој е малку навален кон задниот дел за поспортски изглед.

Моментално не се објавени фотографии од внатрешноста, но според информации од компанијата таа доаѓа со „хоризонтална контролна табла која создава просторна атмосфера“, заедно со инструмент панел со висока централна конзола, детали од кожа и најнова технологија за поврзаност на автомобилот.

Силата доаѓа од три електрични мотори, еден напред и два назад, кои според Mitsubishi испорачуваат „драматично подобрување на перформансите на неговиот постојан погон на сите тркала и интегрираниот систем за контрола на динамиката на возилото“. Тие ја црпат силата од нови батерии со висок капацитет и внатрешен мотор на согорување. Студијата има максимален опсег на возење од повеќе од 1,200 км, од кои 120 км можат да се поминат во чисто електричен режим.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.