full screen background image
Search

Mercedes-Benz GLC Coupe – дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски – ја имаше својата македонска премиера!

Македонскиот дизајнер Славче Таневски работи и дизајнира за Mercedes-Benz, а денес во Македонија својата премиера ја доживеа неговиот прв автомобил – Mercedes-Benz GLC Coupe!

„Навистина сум среќен што ја добив шансата да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот Mercedes-Benz; но уште повеќе ме прави среќен што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас“, изјави Славче Таневски, вработен во дизајн центарот на Mercedes-Benz, во Штудгарт.

glc-coupe-slavce3

Славче, од Скопје замина на студии во Германија, на Универзитетот за применети науки во Минхен каде студираше транспортен дизајн. Благодарение на неговиот талент, труд и учеството на неколку конкурси, тој доби понуда од Mercedes-Benz, каде за кусо време му се оствари и наголемиот сон – самостојно да дизајнира целосно нов модел, односно она што денес го гледаме како GLC Coupe.

„Би сакал да ги поттикнам сите луѓе воопшто, независно од годините или занимањето, да бидат исклучително упорни на патот до успехот, но и да знаат да поднесат пораз, да бидат вистински професионалци, а успехот само тогаш е неизбежен“ – додаде Славче.

glc-coupe-slavce

Претставувањето на новиот модел GLC Coupe, чија официјална светска продажба почнува за 3 дена, односно на 17ти септември е претставен во салонот на Мак Аутостар во Скопје.
„Денес не претставуваме само нов модел на автомобил, туку успех на еден Македонец. Лично го познавам Славче Таневски од самиот почеток во Mercedes и навистина е посебна неговата љубов и посветеност кон убавото, дизајнот, кон професијата“ – изјави Владица Кокаловиќ, директор на маркетгинг во Mercedes-Benz Мак Аутостар.

glc-coupe-skopje

GLC Coupe е несекојдневен SUV со форма на купе – сегмент кој станува сè попопуларен. Веднаш се забележува динамичниот и спортски дизајн чија цел е да го дефинира карактерот на овој автомобил. GLC Coupe ќе се нуди во осум различни варијанти, а на самиот врв е AMG изведбата која има 367 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за рамно 5 секунди!

Поврзано:   Тестирањето на Mercedes-AMG Project One влегува во возбудлива фаза!

Му честитаме на Славче и му посакуваме уште многу, многу дизајнирани автомобили во иднина. Горди сме што Македонец го остави своето име на модел на Mercedes-Benz!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.