Пристигна најновиот Volkswagen Caddy! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна најновиот Volkswagen Caddy!

Во салонот на Volkswagen во Скопје веќе е изложена најновата, петта генерација на супер-популарното повеќенаменско возило на Volkswagen.

Новиот Volkswagen Caddy е поставен на одличната MQB платформа на Volkswagen, а го дефинира модерен, дури футуристички дизајн. Ако до оваа генерација Caddy беше малку конзвервативен во однос на дизајнот, новата генерација воведува сосем нов пристап кон дизајнот на Caddy.

Caddy може да се добие со 2-литарски TDI турбодизел со 72, 102 или 122 коњски сили, или пак со одличниот 1.5-литарски турбо-бензинец со 116 коњски сили. Сите погонски единици се прилагодени за максимална експлоатација и високи километражи. Силата се пренесува кон предните тркала, а може да се добие и погон на сите четири тркала. Во зависност од одбраниот погон, ќе можете да добиете мануелен менувач со 6 брзини, или пак 7-степен DSG менувач.

Инаку, Caddy добива и многу нови технологии – можете да добиете целосно-дигитализирана централна конзола, keyless пристап и уште многу повеќе. Секако, во зависност од изведбата, Caddy може да биде и екстремно практичен – сепак неговата замисла е да биде практично, повеќенаменско доставно возило.

Во овој момент Caddy кај нас се нуди само со турбодизел, и тоа во сите три изведби. Цените започнуваат од 17.269 Евра за Caddy со 72-коњскиот турбодизел во основното ниво на опрема, мануелен менувач и погон на предните тркала.

Врвната изведба со автоматски менувач и погон на предните тркала, како и најмоќниот турбодизел чини 32.946 Евра, односно 34.471 Евро доколку го исфрлите автоматскиот менувач и додадете погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.