BMW го претстави новиот помодерен, поостар и побрз iDrive систем – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави новиот помодерен, поостар и побрз iDrive систем

BMW ја најави осмата генерација на популарниот iDrive систем со премиерата на контроверзниот модел iX минатата есен, а сега ги објави и деталите за него.

Главните одлики на iDrive 8 се гласовните команди и разговорни интеракции, додека физичките копчиња се сведени на минимум за најчесто користените функции. Интелигентниот персонален асистент на BMW, кој добива нова визуелна форма, го олеснува разговорот помеѓу возачот и возилото.

Корисниците на BMW ќе можат да го прилагодат возачкото искуство по свој вкус, благодарение на BMW ID, кој ја претставува новата генерација на BMW ConnectedDrive. Проиводителот вели дека iDrive 8 ќе учи и ќе се прилагодува на честите рутини и карактеристичните вкусови на возачот.

Корисниците ќе можат да создадат уникатни профили што содржат претходно наместени конфигурации на возилото, како на пример температура, брзина на вентилаторот, како и преферирана музичка плејлиста.

Заедно со BMW ID доаѓа и преобразување на смартфон апликацијата BMW Connected во My BMW.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.