Златно Тркало 2021 – Ова се победниците! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Златно Тркало 2021 – Ова се победниците!

Со огромна гордост ги објавуваме победниците на овогодишеното Златно Тркало – Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил!

Втора година по ред, со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk, како и со сите наши читатели, ги одбираме најпосакуваните автомобили во неколку различни категории. Изминативе неколку седмици преку нашите медиуми и социјалните мрежи ги презентиравме автомобилите, а Вие – нашите читатели – гласавте за вашите фаворити. Во изминатите две седмици, колку што траеше гласањето, направени беа вкупно 15.340 гласања, а резултатите се следните:

Најпосакуван Градски Автомобил за 2021 – Peugeot 2008

Со освоени над 35% од гласовите, новиот Peugeot 2008 извојува убедлива победа и ја освои титулата за најпосакуван градски автомобил. Достапен со бензински, дизел или електричен погон, новиот 2008 ја наметнува моќта на изборот како сериозен фактор при купување нов автомобил. Практичноста, идеалните димензии и привлечниот дизајн се дополнителни атрибути со кои 2008 ги привлекува купувачите.

Најпосакуван Семеен Автомобил за 2021 – Skoda Octavia

Големата, практична и комфорна Octavia ги има сите атрибути кои се потребни за семеен автомобил. Новата, хај-тек генерација на Octavia во сегментот ги воведува сите нови технологии кои се потребни и кои купувачите ги бараат – а оние кои бараат практичен семеен автомобил ги препознаа сите овие вредности токму кај новата Octavia. Новата Octavia освои дури 54.42% од гласовите!

Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Peugeot e-208

Електричниот е-208 е уште еден директен показател за успешната стратегија на Peugeot, која успешно се реплицира и на нашиот пазар. Моќта на изборот е особено важна, а комбинацијата од моќен електричен погон, одлична автономија од повеќе од 300 километри и привлечниот, современ дизајн го прават електричниот е-208 – кој освои 45.93% од гласовите – да биде логичниот избор за храбрите.

Поврзано:   ВОЗЕВМЕ: Во Кан го возевме новиот електричен Peugeot E-3008!

Најпосакуван Автомобил во Македонија – Skoda Octavia

Купувачите ги ценат практичноста и просторноста, но уште повеќе го ценат она кое ќе го добијат за вложеното. Новатa Octavia нуди навистина многу, а можноста да се нарача со моќни и ефикасни модерни мотори, во комбинација со врвната просторна понуда и врвните технологии заслужено го оправдуваат изборот. Octavia освои 22.38% од гласовите во својата категорија и Вие ја избравте за Најпосакуван Автомобил во Македонија!

Им честитаме на победниците! Оваа година беа дадени уште повеќе гласови од минатата и ви се заблагодаруваме на вам – нашите фанови и читатели за тоа што го дадовте вашиот глас и помогнавте уште еднаш да ги најдеме најпосакуваните нови автомобили во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.