full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jeep ги претстави новите големи Wagoneer и Grand Wagoneer

Двата нови, големи и луксузни теренци на Jeep дебитираат во САД, но не е исклучена опцијата американскиот бренд да ги понуди и во Европа.

Сепак, пристапот на Jeep е интересен. На пример, Wagoneer може да се добие само со погон на предните тркала, додека Grand Wagoneer ќе се нуди исклучиво со погон на сите четири тркала. Wagoneer ќе се натпреварува со други SUV модели, додека Grand Wagoneer е замислен да биде луксузна алтернатива од Jeep наменета да се натпреварува со најголемите и најлуксузните вакви модели од европските брендови.

И двата модели ќе се поставени на традиционална шасија, која овозможува врвни теренски перформанси, и се доволно големи да доаѓаат стандардно со седум (или осум!) седишта. Wagoneer е со поконзервативен изглед, додека Grand Wagoneer е поагресивен и полуксузен – изобилуваат хромираните детали, широките крила, кровот во контрастна боја, а достапни се и ексклузивни бои. Конечно, различни се и поклопецот на моторот и светлосните групи,

Секако, бидејќи Grand Wagoneer е замислен да биде уште попремиум, добива и поквалитетна кожа, уникатни елементи од дрво, четири-зонски клима уред, премиум аудио уред и многу, многу повеќе.

Двата модели добиваат V8 мотори со деактивација на цилиндрите, како и 8-брзински автоматски менувач. Wagoneer добива 5.7-литарски V8 со погон на задните или на сите четири тркала. Овој мотор испорачува 392 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Поголемиот, Grand Wagoneer добива и поголем мотор – па таму ќе најдете 6.4-литарскии V8 кој испорачува 471 коњска сила и 620 Nm вртежен момент – сосем доволно за да го забрза големиот теренец до 100 километри на час за нешто повеќе од 6 секунди.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Jeep го претстави целосно-новиот Grand Cherokee

Инаку, дизајнот на новите Jeep Wagoneer и Grand Wagoneer е дело на македонскиот дизајнер Томе Јованоски, кој е Chief Designer во Jeep. Ние пред неколку месеци имавме можност да зборуваме со Томе за неговата работа и иднината на автомобилите. Прочитајте го нашето интервју!

Jeep очигледно сака да им ги заплетка конците на луксузните брендови – па што мислите, ќе успее во тоа?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.