full screen background image
Search

Дизелот поскапува еден денар, бензините по денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави дека од вечерва на полноќ се зголемуваат максималните малопродажни цени на горивата.

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.2%.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, па од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе се продава по цена од 57.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по денар и половина. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.