Kia го претстави првиот целосно-електричен модел – новиот EV6 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia го претстави првиот целосно-електричен модел – новиот EV6

Корејскиот бренд го прикажа новиот дизајнерски правец на компанијата со целосно-електричниот модел.

Во 2007 Kia ја претстави карактеристичната предна решетка на брендот, наречена „нос на тигар“, која беше дело на дизајнерот Питер Шрејер и го трансформираше дизајнот на целата гама на Корејскиот производител во она што го гледаме денес на патиштата.

Сега, по цели 13 години, производителот продолжува во нова дизајнерска насока со нивната изменета ознака и слоган. Дизајнот е официјално прикажан преку новиот Kia EV6, кој е првиот целосно електричен автомобил со батерии на брендот.

Новиот дизајн носи ново лице за автомобилите на Kia, кое го заменува „носот на тигар“ со „лице на дигитален тигар“ за електрифицираната иднина. Нагласена како „Обединети Спротивности“, според зборовите на Корејскиот бренд новата дизајнерска филозофија зема инспирација од контрастите во природата и човештвото.

Кај новиот EV6, новата дизајнерска филозофија се препознава преку новото лице, со остри линии кои ги придружуваат динамичните светлечки форми. Во профил, новиот модел малку наликува на кросовер со темните додатоци на полумесеците, иако е поставен релативно ниско до подлогата.

Заоблениот Ц-столб му дава на EV6 силуета на купе, додека задниот дел е најоргиналниот елемент кај новиот автомобил, со светлосните групи кои се протегаат во целата широчина од левото до десното тркало.

Кабината на Kia EV6 изгледа навистина просторно. Највпечатлив нејзин елемент е заоблениот екран, на кој се прикажани инструментите и мултимедијата. Воланот има дизајн со два краци, а на него е позиционирано новото лого. Контролите за клима уредот се поставени на централната конзола под големиот екран и се управуваат преку допир.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Kia EV3 ќе го освојува пазарот со автономија до 600 километри!

Целосното дебитирање на Kia EV6 ќе се одржи при крајот на месецов, а истото треба да ни открие повеќе информации за погонот, вклучувајќи ги опсегот и времето за полнење на батериите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.