Volvo XC60 добива поостар изглед и помодерна технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo XC60 добива поостар изглед и помодерна технологија

Шведскиот бренд го претстави редизајнираниот Volvo XC60, кој ќе биде опремен со попаметна технологија.

Дизајнерските промени на XC60 се сведени на минимум. Тука е ново лице со изменета решетка, долен дел на браникот, странични прагови и заден дифузер, додека во палетата се додадени нови бои и дизајни на тркалата.

Ентериерот ќе може да се добие со нови материјали, а сите верзии на XC60 од Мај ќе добијат нов 9-инчен екран на дисплеј со мултимедијален Android систем, на централната конзола. Системот ќе биде интегриран со Google апликации и сервиси, слично како технологијата која се користи кај „братскиот“ бренд Polestar.

Функцијата за гласовна контрола ќе се одвива преку Google Assistant, навигацијата ќе се добива од Google Maps, а и многу други апликации ќе можат да се инсталираат преку Google Play Store, директно преку екранот на допир. Купувачите можат да ги заследат сите нови Google функции преку пакет наречен Digital Services Package.

Покрај комплетно новиот мултимедијален систем, новиот XC60 добива надграден хардвер за системите за активна помош, со нова платформа за сензорите, радарите и камерите.

Според Volvo, со новата сензорска технологија, XC60 ќе има подобро распознавање на пешаци и препреки на патот, што ќе придонесе за подобро функционирање на итното автоматско сопирање и системот за асистенција во управување.

Не се објавени промени во палетата на погонски единици, но сегашната гама на 48-волтни лесно-хибридни бензински и дизелски четири-цилиндарски агрегати ќе продолжи да се продава покрај T6 и T8 plug-in хибридните варијанти.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.