full screen background image
Search

Jeep базиран на платформа на PSA пристигнува наредната година

На виделина се појавуваат нови детали за идни помали модели од Jeep, Alfa Romeo и Fiat.

Според најнови извори, наредната година во Полска ќе започне да се произведува нов модел на Jeep базиран на компактната модуларна платформа на PSA, која ќе ја дели со претходно најавениот кросовер на Alfa Romeo.

Малку е познато за возилото во овој момент, но се шпекулира дека тоа ќе биде мал кросовер кој ќе користи мотори на PSA. Моделот се очекува да биде понуден со електричен погон, како и систем за погон на сите тркала кој ќе користи електромотор поставен на задната оска.

На крајот од летото во 2023, ќе започне да се произведува и нов модел на Fiat исто така базиран на CMP платформата, но моментално нема повеќе податоци за него. Иако потенцијално може да се работи за нова генерација на Panda, ова делува неверојатно бидејќи претходни информации сугестираа дека таа ќе биде поставена на истата платформа како популарниот 500.

И покрај тоа што многу прашања остануваат неодговорени, кога инвестицијата во нови возила беше објавена минатата година, вице-премиерот на Полска потврди дека „модерни, хибридни и електрични автомобили на Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе започнат да излегуваат од фабриката во Тихи во 2022 година.“ Ова јасно кажува дека претстојните модели ќе нудат цела гама на електрични погонски единици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.