Alfa Romeo, DS и Lancia започнуваат заедно да развиваат нови модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo, DS и Lancia започнуваат заедно да развиваат нови модели

Stellantis одобри заедничко развивање на нови модели за премиум брендовите Alfa Romeo, DS и Lancia.

Според најновата изјава на производниот директор на DS – Марион Давид, тие заботат заедно со нивните Италијански колеги на специфични премиум модули, погонски единици и карактеристики кои ќе ги разликуваат премиум (Alfa Romeo, DS и Lancia) од мејнстрим брендовите.

Давид исто така изјави дека планот на DS да лансираат по еден нов модел секоја година продолжува да важи. Сепак, по 2023, компанијата ќе се фокусира што е можно повеќе да ги усогласи FCA и PSA, како последица на спојувањето. Како резултат на тоа, следната генерација на премиум возила од Stellantis ќе пристигне во 2024 или 2025 година.

Иако има неколку години додека да ги видиме заеднички развиените модели, објавата кажува дека Alfa Romeo ќе претстави уште еден кросовер. Малку е познато за него, но наводно ќе се базира на платформата CMP и ќе се произведува во Полска. Се планира да пристигне во 2023 и ќе биде позициониран под Stelvio и Tonale.

Новиот Tonale ќе дебитира оваа есен во сериска изведба и многу верно ќе го следи изгледот на концептот кој беше претставен на автомобилскиот саем во Женева во 2019. Палетата на мотори останува мистерија, но се очекува да биде преземена од Jeep Renegade.

Ова би значело дека кросоверот ќе се нуди со 1.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 130, односно 180 кс. Би можел да биде понуден и хибриден погон со сила од 190 и 240 кс, која би требало да може да помине 50-тина километри со едно полнење на батериите, а не е исклучена ниту целосно-електрична изведба.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.