Škoda виртуелно го рекреираше омилениот Чехословачки транспортер за 21-виот век – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda виртуелно го рекреираше омилениот Чехословачки транспортер за 21-виот век

Škoda им даде задача на своите дизајнери да погледнат во нивната историја и да направат модерни реинтерпретации на класичните модели, а резултат на тоа е концептната верзија на Škoda 1203.

Иако не ја достигна интернационалната популарност на Volkswagen-овиот Microbus, за народ на Чехословачка 1203 беше комбе за секоја приика. Беше продаван како возило за брза помош, погребално возило, возило за достава, и за многу други упортеби. Беше насекаде низ улиците во земјата пред разделбата на Чехословачка во Чешка и Словачка.

Токму таа сеприсутност е причината зошто дизајнерот на кориснички интерфејси Даниел Хајек го одбра за неговата дизајнерска студија. Сепак, иако има елементи кои потсеќаат на историскиот модел, неговиот концепт изгледа многу модерно.

Според него, вакво возило би се сместило одлично во гамата на Škoda, а ние целосно се согласуваме со него. Базиран на Volkswagen-овата платформа MEB, тој би бил одличен пандан на ID.Buzz. Како што Volkswagen групацијата ги електрифицира своите брендови, електричен 1203 би бил навистина интересен избор.

Во неговата замисла, Хајек би го понудил и во верзија со покрив кој се издигнува нагоре, со што би понудил повеќе простор за купувачите кои сакаат да одат на кампување, покрај стандардната транспортер верзија.

Сепак, Škoda не објавува желба да произведе нешто како ова – но би било интересно доколку го направат.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.