Утринска Гимнастика: Mercedes-AMG го најавува екстремниот Project ONE – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Mercedes-AMG го најавува екстремниот Project ONE

Спортската дивизија на Mercedes објави кратко видео, во кое го прикажува престојниот хиперавтомобил, најавен уште пред три години.

Project ONE ќе располага со 1.6-литарски V6 агрегат кој со помош на турбополнач и електромотори развива вкупно  1,000 кс при екстремни 11,000 вртежи во минута и има максимална брзина од 350 км/ч.

Ако ви звучат познато овие спецификации, тоа е бидејќи моторот ќе биде истиот од Формула 1 болидот на Mercedes-AMG, со кој Луис Хамилтон ја освои шампионската титула во 2015 година.

Хиперавтомобилот требаше да дебитира во средината на 2020, но тоа беше откажано и сеуште не е позната датата за неговото лансирање. Сепак, тоа не го спречи Mercedes-AMG да ги распродаде сите 250 примероци и покрај неговата цена од 2.5 милиони долари.

Погледнете го Project ONE како танцува на тркачката патека и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.