Чешкиот бренд ја објави првата фотографија од новата Fabia – и најави дека премиерата ќе се случи оваа пролет!
Тековната Fabia е на пазарот од 2014, а новата генерација не само што ќе добие и затегнат, помодерен дизајн, туку ќе биде поставена и на MQB A0 платформата, на која се веќе поставени новите Polo, Ibiza, T-Roc, Kamiq и уште неколку модели од групацијата. Слично како и овие модели, и новата Fabia ќе може да се добие со нови турбо-бензински мотори и ќе може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач.
Од Škoda најавуваат дека новата Fabia ќе нуди уште повеќе простор од тековната генерација – и најавуваат дека багажникот ќе биде зголемен за 50 литри, а се шпекулира дека во понудата ќе остане и караванската Fabia Combi.
Премиерата е закажана за оваа пролет – но точно кога, сè уште не знаеме.