full screen background image
Search

Novitec го засили McLaren 765 LT на 843 коњски сили!

Познатата тјунерска компанија ги засили перформансите на најбрзиот суперавтомобил McLaren 765 LT.

Иако во стандардно издание моделот веќе располага со 765 кс и 800 Nm вртежен момент, кои извираат од 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат, новите надградби на Novitec ја зголемуваат испораката на сила на 843 кс при 7,400 вртежи во минута и 898 Nm вртежен момент при 6,300 вртежи во минута.

Тоа е зголемување за 88 кс и 98 Nm од стандардниот 765 LT, а доаѓа во пакетот „Performance Stage 2“. Тука се вклучени plug & play Novitec N-Tronic уредот, кој е адаптиран кон компјутерската единица на моторот за да ги контролира палењето и вбризгувањето на горивото, а исто така и ја модифицира електронската контрола на турбо притисокот.

Во пакетот доаѓа и целосно термално изолиран издувен систем со високи перформанси, направен од Инконел и керамички обложени цевки кон турбополначите. Според Novitec, нивниот нов издувен систем е полесен од стандардниот и може како опција да добие златка облога во целата должина се до четирите издувни цевки.

Дополнителната сила му овозможува на тјунираниот McLaren 765 LT да забрза од 0-100 км/ч за само 2.5 секунди, што е за 0.3 секунди помалку од стандардниот модел. За да се постигне брзина од 200 км/ч се потребни само 6.5 секунди, а максималната брзина изнесува над 330 км/ч.

Визуелните модификации доаѓаат во вид на конкавни фелни со седум двојни краци, направени од кован челик, кои се произведени од компанијата Vossen. На предната ока тие се со големина од 20-инчи, додека позади се монтирани 21-инчни фелни.

Поврзано:   Novitec F8 N-Largo e Ferrari F8 Tributo во „ѕверска“ форма

Novitec исто така нудат и сет спортски пружини кои се развиени да бидат искомбинирани со понудените тркала, а истите го приближуваат суперавтомобилот кон подлогата за околу 20 милиметри.

Естетските измени завршуваат со неколку аеродинамични компоненти, вклучувајќи и карбонски елементи околу предните светла, N-Largo заден поклопец на моторот, како и отвор за кровна вентилација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.