ПРЕМИЕРА: Volkswagen слави 45 години GTI со Golf GTI Clubsport 45! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen слави 45 години GTI со Golf GTI Clubsport 45!

Со новиот Golf GTI Clubsport 45, Volkswagen го прославува роденденот на една автомобилска икона – незаменливиот Golf GTI!

Дали ви се верува дека првиот Golf GTI беше лансиран пред дури 45 години?

Славеничкиот модел е изграден врз основа на новиот Golf GTI Clubsport, но со неколку уникатни додатоци кои го прават уште поинтересен и поексклузивен. Golf GTI Clubsport 45 добива црн кров, црн заден спојлер, специјалниот Race пакет, како и ексклузивни 19-инчни Scottsdale тркала со црвена линија. Секако, тука се и „45“ ознаките на страните и на задниот дел.

Но што е со тој Race пакет? Тој пакет додава спортски издувен систем и го отстранува лимитерот на максималната брзина, па Golf GTI сега не е ограничен на 250 километри на час. Која е сега максималната брзина? Од Volkswagen не го откриваат тој податок. Сите GTI Clubsport примероци добиваат и VAQ електро-механички преден диференцијал, адаптивна суспензија со Nurburgring режим и уште многу, многу други спортски додатоци и ситници.

Кабината добива премиум предни спортски седишта, а на управувачот има ознака „45“.Инаку, под предниот поклопец е истиот 2-литарски TSI турбо-бензинец кој се вградува и во „обичниот“ GTI Clubsport – а тоа значи 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, кои се пренесуваат кон предните тркала преку 7-степен DSG менувач со двојна спојка. Благодарение на прилагодените односи на брзините, GTI Clubsport забрзува до 100 километри на час за помалку од 6 секунди.

Славеничкиот GTI Clubsport 45 ќе започне со продажба на 1ви Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.