Конечно е познат Ф1 календарот за 2021 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Конечно е познат Ф1 календарот за 2021

Конечно го имаме финалниот Ф1 календар за оваа сезона – ќе се возат дури 23 трки!

Првиот нацрт на календарот за Ф1 2021 година беше објавен од Формула 1 на 10-ти Ноември минатата година. Тоа следеше по силно-нарушената сезона 2020 година во која многу трки беа откажани или одложени поради глобалната пандемија. Ковид-19 продолжи да ја принудува Ф1 да го прилагоди својот распоред, а првите промени беа најавени во Јануари оваа година.

Трките во Австралија – каде требаше да се одржи отворањето на сезоната – и Кина беа одложени. Додека Австралија доби нов датум во Ноември, со промени на други трки во исто време, кинеската трка не беше веднаш презакажана.

Дополнителна трка на Имола во Италија беше најавена да го заземе местото на Кина во раната сезона. Оригиналниот календар вклучуваше и трка на неодредено место, што останува да се потврди, a дополните се состојат од Алгарве и Имола.

На 73-тото возење на светскиот шампионат ќе се додаде и нова трка во Саудиска Арабија на улиците на Џеда. Големата награда на Холандија, која требаше да се врати во Зандворт во 2020 година, беше потврдена за датум во Септември. Сепак, другите нови трки кои требаше да се одржат во Мајами, САД и Ханој, Виетнам не беа потврдени.

Датуми за тестирање

Предсезонското тестирање е намалено од шест дена на три за шампионатот во 2021 година. Единствен тридневен тест ќе се одржи на меѓународната патека во Бахреин од 12 до 14 Mарт.

Кои нови трки ќе бидат на календарот?

Мајами се надеваше дека ќе се приклучи на календарот на Ф1 во 2021 година. Формула 1 потврди дека ќе се одржи нова ноќна трка на улиците на Џеда и првата ГП на Саудиска Арабија ќе се одржи на 5 Декември. Во октомври 2019 година Ф1 објави „принципиелен договор“ за одржување трка на ново коло на стадионот Хард Рок во Мајами. Имаше намера да ја одржи трката во мај, но повеќе детали не се потврдени. Големата награда на Виетнам – која требаше да се одржи за прв пат во 2020 година, но беше откажана поради пандемијата – нема да се одржи ниту во 2021.

Рунда Гран При Патека Дата
1 Големата награда на Бахреин Bahrain International Circuit недела, 28 март 2021
2 Дополнително ќе се објави името Imola недела, 18 април 2021
3 Дополнително ќе се објави името Algarve недела, 02 мај 2021
4 Големата награда на Шпанија Circuit de Catalunya недела, 09 мај 2021
5 Големата награда на Монако Monaco недела, 23 мај 2021
6 Големата награда на Азербеџан Baku City Circuit недела, 06 јуни 2021
7 Големата награда на Канада Circuit Gilles Villeneuve недела, 13 јуни 2021
8 Големата награда на Франција Paul Ricard недела, 27 јуни 2021
9 Големата награда на Австрија Red Bull Ring недела, 04 јули 2021
10 Големата награда на Британија Silverstone недела, 18 јули 2021
11 Големата награда на Унгарија Hungaroring недела, 01 август 2021
12 Големата награда на Белгија Spa-Francorchamps недела, 29 август 2021
13 Големата награда на Холандија Zandvoort недела, 05 септември 2021
14 Големата награда на Италија Monza недела, 12 септември 2021
15 Големата награда на Русија Sochi Autodrom недела, 26 септември 2021
16 Големата награда на Сингапур Singapore недела, 03 октомври 2021
17 Големата награда на Јапонија Suzuka недела, 10 октомври 2021
18 Големата награда на САД Circuit of the Americas недела, 24 октомври 2021
19 Големата награда на Мексико Сити Autodromo Hermanos Rodriguez недела, 31 октомври 2021
20 Големата награда на Сао Паоло Interlagos недела, 07 ноември 2021
21 Големата награда на Австралија Albert Park недела, 21 ноември 2021
22 Големата награда на Саудиска Арабија Jeddah Street Circuit недела, 05 декември 2021
23 Големата награда на Абу Даби Yas Marina недела, 12 декември 2021

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.