Cupra ќе претстави помало урбано електрично возило до 2025 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra ќе претстави помало урбано електрично возило до 2025

Новиот бренд Cupra планира да додаде уште еден помал модел во својата гама до 2025 година.

Најавено е дека автомобилот ќе биде позициониран под електричниот хечбек el-Born, што значи дека ќе биде слична големина со Volkswagen Polo. Според извршниот директор на Cupra – Вејн Грифитс, возилото ќе ја претстави иднината на автомобилската индустрија во Шпанија.

Cupra работеше на дизајнот на основниот електричен модел и најверојатно ќе го претстави во концептна верзија оваа година. Моделот ќе биде базиран на MEB-Lite платформата, која Volkswagen ја разви за нивните помали ID модели. Се очекува батеријата на моделот на Cupra да не биде поголема од 45 киловат-часа.

Производителот вложува напори со Шпанската влада за инвестирање и подобрување електричната мрежа за полнење во земјата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.