Cupra El-Born е првиот електричен модел на спортскиот бренд на SEAT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra El-Born е првиот електричен модел на спортскиот бренд на SEAT

Како што напредува електрификацијата, така добиваме сè поинтересни модели. Cupra го претстави првиот електричен хот хеч во рамките на Volkswagen групацијата – новиот Cupra El-Born!

Спортскиот бренд на SEAT следната година ќе го понуди првиот електричен хот хеч во рамките на Volkswagen групацијата. Придвижуван од електромотори (на кои сè уште не им е објавена моќноста) и батерија со капацитет од 77 kWh, Cupra El-Born ќе може да помине околу 500 километри со едно полнење, а со пристап до соодветно моќен полнач, 30 минути полнење ќе бидат доволни за да се поминат 260 километри.

„Cupra El-Born ги нагласува гените на Cupra брендот и со него го издигнавме оригиналниот концепт на сосем друго ниво. Создадовме нов, спортски и динамичен модел. Cupra El-Born е жив доказ дека перформансите и електрификацијата се одличен пар.“ – изјави Wayne Griffiths, извршниот директор на Cupra.

Сепак, знаеме барем малку детали околу перформансите. Од Cupra кажуваат дека El-Born ќе забрзува до 50 километри на час за 2.9 секунди, но не кажуваат колку ќе му бидат потребни да се постигне бенчмаркот од 100 километри на час. Знаеме и дека El-Born ќе добие и специјално-развиен DCC систем за прилагодување на шасијата, кој треба да обезбеди врвна возна динамика.

Cupra El-Born ќе пристигне на европскиот пазар следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.