full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Sián Roadster – 819 коњски сили, 19 примероци – и сите се веќе продадени!

Ако го чекавте новиот roadster на Lamborghini за да го освежите вашиот возен парк, за жал нема да можете да го купите – сите 19 примероци кои ќе бидат произведени се веќе продадени.

Како и купето кое Lamborghini го претстави во Септември минатата година, и Sián Roadster користи 6.5-литарски атмосферски V12 кој соработува со 48-волтен електромотор за вкупна, системска моќност од 819 коњски сили. Перформансите се спектакуларни – 100 километри на час пристигнуваат за само 2.9 секунди, додека максималната брзина е „над 350 километри на час“.

Покрај тоа што Sián Roadster е навистина футуристички, од Lamborghini кажуваат дека некои детали се инспирирани од легендарниот Countach, а детал кој го истакнуваат е „Periscopio“ линијата која ги истакнува насочувачите за воздух зад возачот и совозачот, но ги напоменуваат и шестте задни светла.

Но Sián Roadster има и нови, иновативни решенија – на пример, покрај многуте компоненти за аеродинамика и активно ладење, има и дополнителни перки направени од материјал кој реагира на топлината од издувниот систем, па кога ќе се загреат се ротираат и насочуваат дополнителен ладен воздух кон моторот.

Исто како и Sián, и Sián Roadster користи иновативен хибриден систем кој користи супер-кондензатор за складирање на електрична енергија. Овој супер-кондензатор нуди инстантна можност при брзини до 130 километри на час, а целиот систем го прави Sián Roadster да биде полесен за возење и маневрирање.

Секој примерок на Lamborghini Sián Roadster ќе биде изработен според желбите на купувачите, а за тоа ќе бидат задолжени стручните мајстори од Ad Personam дивизијата за персонализација на возилата на Lamborghini.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan STO е вистински уличен тркач!

Плус, изгледа тотално лудо, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.