Peugeot 208 и 2008 освоија две титули на Светскиот Автомобил на Годината за Жени – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 и 2008 освоија две титули на Светскиот Автомобил на Годината за Жени

На 11-тото издание на изборот за „Светски автомобил на годината за жени“, ова уникатно жири составено исклучиво од жени новинарки од автомобилскиот сектор ја донесе одлуката за секоја од 9-те постојни категории, а новите 208 и 2008 се закитија со титули за најдобар градски автомобили најдобар урбан SUV.


Жирито за „Светски автомобил на годината за жени“ е основано во 2009, а го сочинуваат 50 жени, новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и од 5 континенти.

Процесот започнува со одбирање три најдобри автомобили во секоја категорија. На крајот од вториот круг, PEUGEOT 208 излезе како победник во категоријата најдобри градски автомобили против Toyota Yaris и Honda Jazz.

Со признанието „Автомобил на годината за 2020 година“ и веќе освоените 24 награди, PEUGEOT 208 го освои Б сегментот и придонесува за успехот на гамата на PEUGEOT. Неговиот спортски изглед и прецизен дизајн му даваат врвен карактер кој совршено се вклопува со издигањето на пазарот на брендот PEUGEOT.

На крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 265.000 PEUGEOT 208 ширум светот. Потоа на крајот од вториот круг, PEUGEOT 2008 е избран за победник во категоријата најдобар урбан SUV против Renault Captur и Kia Sonet. Како симбол на статус и идентитет, PEUGEOT 2008 е целосно во согласност со стилот на гамата на PEUGEOT истовремено истакнувајќи се со својот впечатлив дизајн. Автомобил со добро држење и истовремено прикажува моќен и карактеристичен стил. До крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 203,000 примероци на PEUGEOT 2008 ширум светот.

Двете возила на Peugeot ја играат својата улога во ерата на енергетска транзиција бидејќи доаѓаат во бензинска (бензин и дизел) и електрична верзија. Двата модели на Peugeot беа избрани според следниве критериуми: безбедност, удобност, технологии и поврзаност, сооднос квалитет / цена, влијание врз животната средина и дизајн.

Затоа, PEUGEOT 208 и 2008 се во трка за конечен избор за „Светски автомобил на годината за жени“, чии резултати ќе бидат објавени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената.

Извор: PR Peugeot

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.