Red Bull го претстави новиот болид за 2021 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Red Bull го претстави новиот болид за 2021

Ред Бул ги откри првите фотографии од болидот, со кој се надеваат дека ќе ги засилат Макс Верстапен и неговиот партнер Серхио Перез во освојување на титулата во 2021 година.

Новиот автомобил, RB16B, ја дава последната надеж на Ред Бул за враќање на фронтот за прв пат од 2013 година. На крајот на минатата сезона завршија зад седумкратниот светски шампион Мерцедес.

И Ред Бул ќе одат до максимум за поблиска битка во 2021 година.

Тимот не само што го потпиша искусниот, но сепак гладен и во форма Перез за партнер возач на ѕвездата Верстапен, туку ова е последна сезона на Хонда во Ф1 пред да му го предадат својот проект за мотор на Ред Бул од 2022 година, за што веќе пишувавме претходно.

Хонда, кои се држеа со конкурентите во последните сезони, минатата година заостанаа зад гладниот Мерцедес. Овој пат имаат за цел зголемена брзина на правци со што би помогнале во битката на Ред Бул и нивниот обично пргав болид. RB16B – како што е наговестено со името – се базира на гените на последниот болид на Ред Бул, а тимот го задржува карактеристичниот тенок нос и познатиот дизајн на задното крило.

Но со новите регулативи на Ф1 – опишани како суптилни, но потенцијално значајни –  се чини дека Ред Бул  направија големи промени во нивниот нов болид – особено во страничните подници и со нив се обидуваат да ги вратат силите против Мерцедес.

RB16 од 2020 година иако се подобруваше во текот на годината, беше честопати тежок за контрола и непредвидлив за возачите и затоа подобрувањето на управливоста и постојаноста беа клучни цели за тимот во текот на зимата.

Можат ли Верстапен и Перез да се борат против Mercedes со новиот болид?

Четвртиот тим кој го лансираше својот болид во пресрет на новата сезона, но првиот што го стори тоа со само дигитални слики и без присутни возачи, Ред Бул вчера дадоа малку информации за промените во болидот или надежите за сезоната.

Но, тие јасно ставија до знаење дека RB16B „има за цел да го задржи моментот од 2020 година во новата сезона во обид да се бори за титулата оваа година“.
Минатата сезона, Ред Бул ја започна годината околу половина секунда по круг поспори од Мерцедес, но потоа победiја на две трки во текот на годината – најимпресивно и охрабрувачки – на сезонскиот крај во Абу Даби Верстапен прилично се оддалечи од своите ривали.

Она што Ред Бул го знае е дека се вооружени со најбрзиот возач на спортот – Верстапен – 23-годишникот кој продолжува да покажува потенцијал за освојување на титулата, но сè уште не му е предаден пакетот за борба на фронтот во текот на целата кампања. Дополнително, тимот треба да биде засилен со доаѓањето на Перез, кој го заменува Алекс Албон за 2021 година. Верстапен се бореше сам со Мерцедес во поголемиот дел од минатата сезона, а Албон често не можеше да излезе од средниот ред, па минималното очекување е дека Перез ќе биде да му помогне на Верстапен во битката со Хамилтон и Валтери Ботас.

По осум сезони со Форс Индија / Расинг Поинт и соло кампања со Мекларен, Перез конечно доби уште една шанса во врвен тим – што неговите настапи во последните сезони целосно покажаа дека ја заслужува. Најдобрата Ф1 сезона на 31-годишниот возач до денес се случи минатата година, која беше проследена со извонредна победа во Ф1 на претпоследната трка во Бахреин.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.