Ред Бул оформува дивизија Red Bull Powertrains за производство на мотори за F1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ред Бул оформува дивизија Red Bull Powertrains за производство на мотори за F1

Тимот објави дека ќе го преземе одделот на Хонда за F1 мотори од крајот на 2021,  но под новоформирана компанија позната како Red Bull Powertrains за управување, одржување и производство на мотори.

Постоеја шпекулации дека Рено ќе биде добавувач за мотори под името Tag Heuer, но директорот на тимот Кристијан Хорнер потврди дека нивниот мотор во 2022 година ќе биде познат како „мотор на Ред Бул“.

Истото веројатно ќе важи и за моторите што ги користи сестринскиот тим АлфаТаури, додаде Хорнер. „Сè уште не сме влегле во специфичности, но ќе важи истото. Тоа е мотор на Ред Бул“.

Формула 1 минатата недела објави дека развојот на моторите ќе биде замрзнат од 2022 година.

„Хонда продолжува да работи како и обично оваа година и ќе остане посветен на Формула 1 до 31 декември. За тоа време тие работат со нашиот партнер за гориво ExxonMobil на тоа, што во моментов го припремаат, со развојот на горивото E10, што е најголемата промена на регулативата за следната година.“

Ред Бул се подготвуваат да развијат потполно независни мотори за новите правила F25 од 2025 година.

Тимот го поставува Red Bull Powertrains за управување со екс-моторите на Honda од сезоната F22 во 2022 година. „Треба да биде долгорочен план“, објасни тој. „Очигледно е дека инвестициите во капацитетите за подготовка на ова се многу големи.“

„Значи, имаме краткорочно сценарио за постојните регулативи, а потоа, се разбира, какви и да се новите регулативи, треба да бидеме во состојба да се справиме и со тоа“.

Сепак, тој призна дека тимот ќе биде подготвен и да се здружи со некој производител на мотори доколку некој соодветен партнер покаже интерес за таква соработка.

„Мислам дека нема да имаме тотална контрола кога ќе имаме партнер“, рече Хорнер. „Ние ја имаме независноста да го развиваме проектот сами. Ако дојде возбудлив партнер, тогаш секако има смисла да се погледне многу сериозно, без разлика дали тоа е ОЕМ или друг вид партнер, како на пример и производител на батерии. Зависи какви ќе бидат регулативите“.

Хонда ќе продолжи да ги развива и подготвува моторите за Ред Бул и АлфаТаури и оваа година, додека Ред Бул Powertrains се подготвуваат да го преземат снабдувањето од крајот на 2021 година.

„Ние ќе го наследиме огромното мнозинство на HRD [Honda Racing Development] Велика Британија, што е оперативна страна на Хонда со седиште во Милтон Кинс“, рече Хорнер. „Значи, тоа ни дава добар почеток бидејќи сите луѓе што веќе ги познаваме и со кои работиме, ги преземеме под раководство на нашата компанија.

„Ние сме во процес на утврдување на некои други улоги што ќе бидат исполнети во текот на следните наредни недели и месеци. Но, мислам дека договорот што го постигнавме со Хонда само ни купува време да ја собереме вистинската група луѓе “.

Тимот на Ред Бул е зависен од снабдувачите на мотори откако влезе во Ф1 во 2005 година. Хорнер рече дека нивната одлука да инвестираат во водење на сопствени мотори ќе му даде потполна независност  на тимот во иднина.

„Стратешки, ова е голема обврска на групацијата“, рече тој. „Тоа ја покажува посветеноста кон Формула 1. Затоа, мислам дека навистина ја презедовме контролата над нашата сопствена судбина и тоа со интеграцијата на нашите мотори со шасијата “.

„Тоа нè става на исто ниво како Мерцедес, како Ферари и Рено, другите тимови на производителите“, додаде тој.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.