full screen background image
Search

Fiat Ducato е најпродаваното комерцијално возило во Европа во 2020

Популарното комерцијалнотo возило на Fiat беше најбарано во текот на минатата година и беше продадено во 150,000 примероци.

Моделот Ducato, кој беше за прв пат претставен во 1981, оваа година го слави 40тиот роденден. Неговата практичност, издржливост и ниските трошоци за одржување беа главни адути во потрагата кон купувачи на стариот континент.

Токму со актуелната генерација на Ducato, купувачите успејаа да го согледаат тоа и да го направат најпродавано комерцијално возило за 2020 година во Европа. Моделот беше заслужен за дури 20.5% од бројката на сите продадени комерцијални возила, што беше последица на зголемување на продажбата за 7.6% во однос на 2019 година.

Покрај тоа, Ducato е исто така и најпопуларен „трајлер“ помеѓу патниците во Европа, кои сакаат да одморат во дивината, но сепак да бидат заштитени во покомфорна средина.

Сепак, приказната за Ducato нема да застане со овој голем успех. Во иднина се планира сите погонски единици да имаат нулта емисија на издувни гасови како резултат на пристигнувањето на целосно електричните верзии. Истите ќе бидат достапни во сите каросериски варијанти како стандардниот Ducato, од 10 до 17 метри кубни, со најголемата носивост на пазарот од 1,950 килограми.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.