Tesla Model 3 е најпопуларниот премиум автомобил од Д-сегментот во 2020 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla Model 3 е најпопуларниот премиум автомобил од Д-сегментот во 2020 во Европа

Побарувачката на премиум возила од Д-сегментот се намали од 655,200 примероци во 2019, на 504,700 примероци во минатата година во Европа.

Седан/хечбек изведбите ги освоија 51% од купувачите во сегментот, а на првото место од нив повторно се најде електричниот Tesla Model 3 со продадени 86,287 автомобили.

BMW Серија 3 ја заслужи втората позиција со 54,967 продажби, додека на третото место заврши Mercedes C-Class со продадени 25,170 возила.

Интересно е дека поспортскиот Audi A5 со продадени 21,327 примероци беше подобар од конвенционалниот Audi A4, кој со продадени 15,432 возила се најде на петтото место.

Продажбата на караванските изведби опадна за 13% на вкупно 215,200 примероци. На водечките места се најдоа Audi A4 со 61,766 продадени возила и BMW Серија 3 со 57,815 автомобили.

Прилично успешно на третото и четвртото место завршија и моделите Volvo V60 и Mercedes C-Class со продадени 50,132 и 41,496 примероци редоследно.

Купе изведбите беа за 44% помалку продавани, така што нивната продажба заврши на 18,400 возила. Како најуспешна се издвои Mercedes C-Class, додека на второто место се најде новата контроверзна BMW Серија 4 со продадени 3,807 примероци во првите неколку месеци од нејзиното производство.

Генерацијата во заминување на BMW Серија 4 заврши на третата позиција со 3,332 продадени автомобили, а зад неа се најдоа Audi A5 и Lexus RC со 2,943 и 700 продажби редоследно.

Кај кабриолет верзиите беше забележано опаѓање на продажбата за 43% на вкупно 14,600 возила. И тука предводник беше Mercedes C-Class со 6,868 примероци, пред Audi A5 со 3,991 и генерацијата во заминување на BMW Серија 4 со 3,576 продажби.

Со само неколку месеци произведување и продадени 178 примероци, најновата генерација на BMW Серија 4 се најде на четвртото место.

Резултатите на останатите премиум модели од Д-Сегментот ќе ги пронајдете во галеријата:

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.