full screen background image
Search

Porsche ги привршува тестирањата на Taycan Cross Turismo

Porsche Taycan Cross Turismo ќе биде лансиран следната седмица, но како најава за новиот електричен караван Porsche сподели детали околу тестирањето на новиот автомобил.

Колку екстензивно е тестиран Taycan Sport Turismo? Од Porsche кажуваат дека поминати се скоро 1 милион километри во екстремни услови – како на асфалтот, така и надвор од него, но и на тркачките патеки – Nurburgring Norschleife, Hockenheimring, Nardo, но и Weissach развојниот центар на Porsche. Taycan Sport Turismo помина и повеќе од 320 часа тестирање и подобрување во воздушните тунели, каде е усовршена аеродинамиката.

Taycan Sport Turismo се очекува да ги има истите перформанси кои ги има и „обичниот“ Porsche Taycan (кој ние го запознавме минатата година за време на снимањето на Discover the Unknown документарецот во Македонија), но да биде значително попрактичен благодарение на зголемената просторна понуда.

Од Porsche кажуваат дека „додека го развивавме Cross Turismo, можевме да го искористиме нашето искуство со Taycan. Cross Turismo треба да е подготвен да испорача високи перформанси на тркачките патеки, но и да се справи со кал и макадам, а резултатите се импресивни. Сепак, Taycan Cross Turismo не е тврдокорен теренец, но е експерт за неасфалтирани и земјени патишта. Сметајте го за швајцарски војнички нож на 21-инчни тркала.“ – додава Stefan Weckbach од Porsche.

Премиерата е закажана за 4ти Март, а ние ќе ги имаме сите податоци за електричниот Taycan Cross Turismo. Бидете подготвени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.