Škoda најавува – новата Fabia ќе биде поголема, поспортска и уште побезбедна! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda најавува – новата Fabia ќе биде поголема, поспортска и уште побезбедна!

Наскоро ќе пристигне новата Fabia, а како најава, Škoda веќе објави детали и информации околу супер-популарниот хечбек.

Škoda на голема врата ја најавува новата Fabia. Всушност, Johannes Neft, еден од членовите на одборот на Skoda задолжен за технички развој изјави дека „Fabia има емотивен дизајнерски јазик и е вистинска Škoda. Во однос на претходникот, направивме значителни подобрувања во кабината и нудиме високи нивоа на комфор, напредна мултимедијализација и иновативни системиза асистенција. Ентериерот нуди уште повеќе простор, моторите се ефикасни и моќни, а управувањето е прецизно. Fabia има сè што ќе посакате од модерен мал автомобил!“

Но за да не остане сето ова „само на муабет“ – ајде да откриеме неколку тајни. Fabia ќе добие LED предни светла, или Full LED светла со многу напредни функции. Достапни ќе бидат и Full LED задни светла, а кабината ќе добие дигитален Virtual Cockpit како и напреден, централно-поставен мултимедијален уред. Всушност, кабината ќе добие целосно освежување – нов дизајн, нови материјали, подобрена ергономија и врвна практичност и прегледност.

Важен новитет е дека за прв пат Fabia ќе биде поставена на MQB-A0 платформата. Тоа значи пристап до супер-ефикасните и моќни мотори на Volkswagen групацијата, како и можност за идна електрификација на моделот. Уште на самиот старт Fabia ќе се нуди со пет различни бензински мотори – два MPI бензинци и три TSI турбо-бензинци со директно вбризгување. Сите мотори се од EVO генерацијата и ќе нудат меѓу 65 и 150 коњски сили. Врвниот, 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили стандардно ќе се нуди со DSG менувач.

Škoda оди и чекор понатаму – многу внимание е посветено на аеродинамиката, и коефициентот на отпор кај Fabia е намален од 0.32 на 0.28 cd. Тоа ја прави новата Fabia најаеродинамичниот мал автомобил во својот сегмент.

Škoda наскоро ќе ја претстави целосно-новата Fabia, а ние ќе ги имаме сите информации!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.