Renault го претстави малиот кросовер Kiger – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го претстави малиот кросовер Kiger

Renault ја прошири својата гама во Индија со уште еден мал кросовер, кој во иднина ќе биде понуден и на другите маркети низ светот.

Најавен преку Kiger Concept минатата година, тој е базиран на CMFA+ платформата, во должина е малку пократок од 4 метри и е поставен на меѓуоскино растојание од 2.5 метри.

Неговиот динамичен дизајн е навистина интересен, со мускулестите предни и задни крила, тенките предни светла споени со решетката со големата ознака на Renault и благо закосената линија на покривот која се протега над задните светла со С-форма, додека целиот долен дел од каросеријата е обложен со пластични заштитни додатоци.

Распоредот на ентериерот е модерен, но не се истакнува како екстериерот, бидејќи повеќето елементи се преземени од останатите модели на Renault и Dacia. Тука се наоѓаат мултифункционален волан со три краци, 8-инчен мултимедијален екран на допир во „лебдечки“ стил и прилагодлив 7-инчен инструмент панел.

Достапните погодности вклучуваат Apple CarPlay и Android Auto, Bluetooth, подлога за безжично полнење, автоматски клима уред со филтер за PM2.5 честички, премиум аудио систем и keyless влегување и вклучување на автомобилот.

Капацитетот на багажникот со кренати седишта изнесува 405 литри, додека со легнување на седиштата се зголемува на 879 литри.

Renault Kiger ќе биде понуден со две погонски единици. Првата е 1.0-литарски природно аспириран агрегат со сила од 72 кс и 96 Nm вртежен момент, достапен со пет-степен рачен или пет-степен автоматски менувач.

Како посилен избор ќе биде понуден 1.0-литарскиот турбо-бензински мотор, кој се нуди кај Clio и Captur и располага со 100 кс и 160 Nm вртежен момент, а доаѓа заедно со пет-степена мануелна трансмисија, додека во иднина ќе може да се добие и со CVT менувач.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.