full screen background image
Search

Motior R Design претстави бодикит за електричниот Ford Mustang Mach-E

Motion R Design е првата компанија која претстави пакет со додатоци за украсување на екстериерот на новиот електричен кросовер, и тоа веднаш по започнувањето на неговите испораки.

Пакетот содржи нова предна маска која го отстранува логото на Mustang и додава решетки, a тука се и странични додатоци на долниот дел од браникот во ист дизајн, додека под браникот се наоѓа издаден сплитер. Тука се и пошироките додатоци на крилата кои се поврзуваат преку поголемите странични прагови.

На задниот дел, под задното стакло Motion R Design додаден е спојлер чии линии се продолжение на контурата на светлата, а под табличката е инсталиран нов дифузер. Сите делови од пакетот карбонски – секако.

 

За изборот на тркала Motion R Design соработува со Quantum44 за да ги понуди Q44 Flow Forged фелните. Тие имаат дизајн со тенки краци кои се прошируваат како што се приближуваат кон венецот. Нивната големина совршено ја пополнува празнината на крилата.

Иако не е видливо на фотографиите, тјунинг компанијата исто така нуди нови елементи за екстериерот на Mach-E. Во нив спаѓаат волан со рамно дно и карбонски панели на вратите. За тие што сакаат повеќе луксуз, достапни се и тапацири од мека Nappa кожа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.