full screen background image
Search

Porsche прославува 25 години Boxster со специјалниот Boxster 25 Years

Специјалниот, славенички модел е базиран на 718 Boxster GTS 4.0 и добива специјални детали инспирирани од концептот со кој Porsche го најави Boxster.

Славеничкиот Porsche Boxster 25 Years е изграден врз основата на одличниот 718 Boxster GTS 4.0, кој пак носи 4-литарски атмосферски боксер со шест цилиндри кој испорачува 400 коњски сили и 420 Nm вртежен момент.

Boxster 25 Years ќе го препознаете по деталите во бакарна боја кои ќе ги најдете на предниот дел, како и на страничните отвори за воздух. Секако, тука е и неизбежната славеничка Boxster 25 значка, а јубилејниот модел ќе можете да го нарачате во GT Silver Metallic, Jet Black Metallic или Carrara White Metallic боја. Секако, тука се и специјалните – и во нашите очи, фантастични – ексклузивни тркала од лесна легура.

Кабината добива Boreaux Red црвна кожа, како и преклоплив кров во оваа боја. Дополнително, стандардно ќе добиете и детали од брусен алуминиум, спортски седишта, специјални Boxster 25 ознаки на праговите на вратите, спортски управувач со загревање и уште неколку други детали.

Моторот можете да го комбинирате со шест-степен мануелен или 7-брзински PDK автоматски менувач со двојна спојка. Ќе добиете и PASM систем за активно управување со суспензијата, како и Porsche Torque Vectoring систем кој вклучува диференцијал со ограничено пролизгување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.