Fiat подготви освежување за целата гама на 500-модели. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat подготви освежување за целата гама на 500-модели.

Fiat подготви освежување за супер-популарните 500, 500Х и 500L, кои добиваат нови нивоа на опрема, нови бои и освежени ентериери.

Освежувањето започнува со пет нови нивоа на опрема – тие се викаат Cult, Connect, Dolcevita, Cross и Sport. Основата, Cult верзија е наменета за оние кои сакаат стил, но не сакаат да прават компромиси во однос на цената, додека Connect е наменет за оние кои сакаат лесно поврзување и да бидат цело време поврзани со светот. Dolcevita е резервиран за 500 и е наменет за вистинските фанови на гламурот. Cross е резервиран за 500X и 500L – за оние кои сакаат да избегаат од урбаното окружување и да уживаат во природата. Конечно, Sport нивото на опрема е врвната изведба и е наменето за младите купувачи.

Сите нивоа на опрема имаат уникатни, препознатливи детали кои уште повеќе го истакнуваат наследството и историјата на 500, како и карактерот на сопствениците. На пример, Pop добива нови Sicilian Orange детали, сини седишта во ентериерот и Techno Blue централна конзола. Connect добива 7-инчен Uconnect инфозабавен уред со дигитално радио, Apple CarPlay и Android Auto, специјални Flashy седишта и централна конзола во мат-сребрена боја. Дополнително, купувачите ќе добијат и темпомат, спортски управувач, 15-инчни тркала..

Fiat 500 Dolcevita го истакнува економискиот раст на исталија во 50-тите и 60-тите години, а купувачите ќе добијат автомобил полн со технологии. Кабината добива централна конзола во боја на каросеријата, а покрај сите технологии од Connect пакетот ќе добијат и хромирани детали, стаклен кров, 15-инчни тркала, како и двобојна каросерија.

500Х и 500L Cross добиваат робустни детали кои го истакнуваат кросоверскиот изглед. 500Х добива и 19-инчни тркала, кровни носачи, автоматски клима-уред, и многу, многу повеќе додатоци. Обете верзии се наменети да им овозможат на корисниците да избегаат од градскиот метеж и да искусат возбудливи авантури.

Поврзано:  Во Крагуевац стартуваше производството на новата Fiat Grande Panda

Sport изведбите добиваат засебни спортски браници, специјални бои, 16 до 18-инчни тркала, спортски седишта и уште многу други спортски детали и додатоци – како што е титаниумска централна конзола, специјално амбиентално осветлување, итн..

Секако, сите овие изведби може да бидат дополнети со соодветни пакети – Navi, Comfort & Function и Style. Сите модели ќе бидат достапни со нови и ефикасни погонски единици кои ги исполнуваат строгите Euro 6D-Final стандарди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.