Porsche го претстави концептот кој ја прикажува визијата на брендот за идеален електричен суперавтомобил, наменет за тркачките патеки и патиштата.
Од минатата година, Германскиот бренд се натпреварува во светскиот шампионат со електрични болиди Formula E со конструкторски тим, веднаш по повлекувањето од светскиот шампионат во издржливост 24 часа Le Mans.
Formula E им дозволува на учесниците да ја развиваат нивната технологија до нејзините граници и да ја модифицираат за повеќе сила, економичност и издржливост.
Идејата на Porsche за Vision E Concept се родила од прашањето: што ако се искористи тој погон од електричниот болид за создавање на иден електричен автомобил? Одговорот ја создал оваа дизајнерска студија.
Концептот бил дизајниран како екстремно лесен тркачки автомобил со само едно седиште. Благодарение на неговата централна возачка позиција и технологијата од 800 волти, електричниот спортист овозможувал неверојатно возачко искуство, според зборовите на Porsche.