Пристигна Mansory изведбата на Audi RS Q8 – и има 780 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Mansory изведбата на Audi RS Q8 – и има 780 коњски сили!

Најновата креација на тјунинг компанијата Mansory е „набилдан“ Audi RS Q8, кој ќе чини дури 300,000 евра.

Под поклопецот е сместен 4.0-литарски V8 агрегат кој благодарение на доработките – како нов издувен систем со високи перформанси и рекалибрирана компјутерска единица произведува 780 кс и 1000 Nm вртежен момент.

Тоа е значително повеќе од оние 600 кс и 800 Nm со кои располага стандарниот модел. Дополнителната сила му овозможува да забрза од 0-100 км/ч за само 3.3 секунди – 0.5 секунди побрзо од „обичниот“ RS Q8, и да достигне 320 км/ч наместо „фабричките“ 305 км/ч.

Mansory го промениле и изгледот на автомобилот со повеќе компоненти од јаглеродни влакна. Тука спаѓаат рамката на решетката и сплитерот на предниот дел, страничните додатоци на полумесеците и праговите, масивниот заден дифузер, како и 24-инчните тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.