full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуваат за половина, односно еден денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва, цените на горивата се зголемуваат за по половина, односно еден денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ цените се зголемуваат во просек за 0.82%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат по половина денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 53.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за еден денар, па еден литар 98-октански безоловен бензин ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.