Три награди за Peugeot на Automobiles Awards – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Три награди за Peugeot на Automobiles Awards

Минатата седмица се одржа дигиталната церемонија на Automobiles Awards, каде Peugeot освои дури три признанија – и тоа за освежениот 3008, за e-Expert и Бренд на Годината!

На дигиталната церемонија на Automobiles Awards која се одржа на 7-ми Декември годинава во Париз, новиот Peugeot 3008 ја доби наградата „Автомобил на годината 2020“, доделена од јавноста, Peugeot е-Expert ја прими специјалната награда од жирито, а брендот Peugeot беше именуван како „Бренд на годината“ од генералните менаџери на 39 брендови кои се учесници во изборот.

За своето трето издание, Automobiles Awards имаат за цел да ги наградат најистакнатите производители и најиновативните производители на опрема во моментот, доделувајќи вкупно педесет награди. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците. Само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.

На гласањето на кое се собраа 245.000 гласачи, се изедначија новиот PEUGEOT 3008 и Porsche 911 од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција. Новиот PEUGEOT 3008, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн ја претставува новата ера на модерност со редизајнираниот преден дел и новите Full LED задни светла. За да се отелотвори „Моќта на изборот“ и да се усогласат задоволството и ефикасноста при возење како опција се нудат хибриди на полнење, бензински или дизел мотори.

Новиот е- Expert ја освои специјалната награда од жирито во категоријата комерцијални возила. Со својот 100% електричен мотор е совршен пример за „Моќта на избор“. Новиот e-Expert нуди две нивоа на автономија кои овозможуваат до 330 km во циклусот на сертификација WLTP и на тој начин овозможува неограничен пристап централните градски подрачја.

Поврзано:  Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење

Брендот Peugeot ја освојува наградата „Бренд на годината“. Оваа награда ја доделуваат генералните менаџери на брендовите учесници.

Извор: P

R Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.