Jaguar F-Pace SVR добива освежување и помодерна технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar F-Pace SVR добива освежување и помодерна технологија

Неколку месеци по обновувањето на моделот Jaguar F-Pace, пристигна и освежувањето на неговата супер-моќна SVR изведба.

Исто како и досегашната верзија, модернизираниот кросовер е погонуван од 5.0-литарскиот V8 бензинец со компресор кој испорачува 550 кс, но вртежниот момент порасна за 20 Nm на вкупно 700 Nm.

Погонската единица е усогласена со осум-степен автоматски ZF менувач и систем за погон на сите тркала, што му овозможува на кросоверот да забрза од 0-100 км/ч за рамно 4 секунди – три десетини од секунда побрзо од претходно. Максималната брзина изнесува 286 км/ч.

Инженерите на Jaguar го доработија Dynamic режимот на возење да овозможува поостар одзив на педалата за гас, а додадоа и потврда суспензија, ја оптимизираа тежината на вртење на воланот и направија подобрувања во мапирањето на издувниот систем.

Новиот Jaguar F-Pace добива и нов Dynamic Launch систем, кој ја користи инерцијата на моторот да ја задржи силата во тркалата при промените на степени на возење.

Исто така, амортизерите се прилагодени да испорачуваат поудобно возење при ниски брзини. Масивните сопирачки се надградени со нов Integrated Power Booster ефект, кој дава поспортско чувство и пократок од на педалот за сопирање.

Подобрената вентилација на сопирачките овозможува подобри перворманси и издржливост на сопирачките.

Исто како и стандардниот F-Pace, така и новиот SVR доаѓа со редизајниран екстериер, кој има намален коефициент на воздушен отпор од 0.37 на 0.36 Cd.

Главните стилски измени вклучуваат целосни LED предни светла, поширока издигнатина на поклопецот на моторот и потенка LED графика на задните светла со типичниот дизајн на брендот Jaguar.

Што се однесува до кабината, направени се бројни измени, така што тука е нов 12.3-инчен дигитален инструмент панел и нов 11.4-инчен дисплеј со новиот Pivi Pro мултимедијален систем со помодерни менија и многу софтверски можности.

Поврзано:  Jaguar го произведе последниот F-Type


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.