Jaguar подготви темелно освежување за супер-популарниот F-Pace! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar подготви темелно освежување за супер-популарниот F-Pace!

F-Pace е најпопуларниот модел на Jaguar, па британскиот бренд подготви екстензивно освежување кое покрај визуелните измени и освежениот ентериер, носи и нови мотори и нови технологии.

Визуелните измени започнуваат со новите LED предни светла со Double J Blade дневни светла, а препознавме и поголема предна маска на ладилникот, како и редизајнирани браници.

F-Pace добива и редизајниран поклопец на моторот, нови странични отвори за воздух, како и редизајниран заден дел со нови, потенки и поостри задни светла со целосно-нова графика. F-Pace и досега ни беше еден од омилените модели во сегментот, а сега изгледа уште подобро!

Екстензивните измени продолжуваат и во кабината – која сега добива целосно-редизајнирана централна конзола со 11.4-инчен мултимедијален уред, нов инфозабавен систем со поддршка за безжични Apple CarPlay и Android Auto.

Пред возачот е поставен нов, 12.3-инчен панел со инструментите, а препознаваме и нови материјали, нови текстури и нови бои. „Кружната“ рачка од автоматскиот менувач е заменета со поконвенционална, а забележуваме и многу други редизајнирани елементи. Од Jaguar се особено горди и на новиот систем за намалување на бучавоста од патот и моторот кој користи активна Noise Cancelling технологија.

Jaguar сериозно ја прошири и понудата на погонски единици – сега е достапен нов P400 плаг-ин хибрид со 400 коњски сили, кој постигнува 100 километри на час за 5 секунди, а тука се и новите шест-цилиндерски Ingenium мотори со лајт-хибридни технологии. Плаг-ин хибридниот F-Pace P400 комбинира 2-литарски турбо-бензинец со електромотор, за да постигне врвни перформанси и исклучителна економичност.

Бензинците се со моќност од 250 до 400 коњски сили, додека турбодизелите се со моќност од 163 до 300 коњски сили. Сите верзии доаѓаат со погон на сите четири тркала и 8-брзински автоматски менувач.

Ние неодамна го возевме тековниот F-Pace, прочитајте го нашиот тест!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.