Пристигна новиот Hyundai i10! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот Hyundai i10!

Во салонот на македонскиот увозник за возилата на корејскиот бренд – Ми Да Гранд Моторс – пристигна најмалиот член на семејството Hyundai!

Од Hyundai кажуваат дека i10 е мал автомобил, кој е подготвен да направи голем впечаток. На нашиот пазар малиот i10 се нуди со 1-литарски бензинец со 67 коњски сили, или пак 1.2-литарски бензинец со 84 коњски сили. Силата оди кон предните тркала, а i10 стандардно ќе доаѓа со 5-степен мануелен менувач, додека автоматскиот менувач може да се добие со доплата од 1000 Евра.

Понудата започнува со i10 со 1-литарскиот бензинец и Comfort ниво на опрема, кој чини 11.300 евра, додека на самиот врв на понудата е i10 со 1.2-литарскиот бензинец во Impression ниво на опрема кој чини 14.200 Евра. Вреди да се напомене дека и основното ниво на опрема доаѓа со клима уред, електрично задвижување на предните прозорци, грст безбедносни системи и многу повеќе..

Style нивото добива LED дневни светла, 8-инчен мултимедијален уред и уште неколку други додатоци, додека Premium добива и автоматски клима уред, задни паркинг сензори, 15-инчни тркала… На самиот врв е Impression кој добива дополнителни системи за активна безбедност, но и безжичен полнач за телефон, затемнети задни стакла..

За повеќе информации, посетете го салонот на Hyundai, или пак официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.