3D модел за 7-годишнината на концептот Ferrari CascoRosso – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

3D модел за 7-годишнината на концептот Ferrari CascoRosso

Македонскиот дизајнер Дејан Христов објави 3D рендери по повод 7-миот роденден на неговиот концепт Ferrari CascoRosso.

Концептот е препознатлив по „сокриените“ предни светла во решетката, вовлечените елементи со активна аеродинамика и косата странична линија, која изгледа како да го „пресекува“ предниот од задниот дел на автомобилот.

Како инспирација за дизајнот на CascoRosso исто така биле и историските модели на Ferrari од шеесетите години, од каде е добиена идејата за линијата на страничните отвори за вентилација.

Според зборовите на Христов: „Задниот дел е класичен, ама мислам дека ми е омилен поради начинот на кој површините на задните крила се прекршуваат, па се добива доста разиграност и тродимензионалност во формата.“

Кога беше за прв пат објавен концептот го обиколи целиот свет, со тоа што се доби признание од бројни автомобилски медиуми. Сепак, во тоа време беа објавени само дигитални цртежи, а ова се компјутеризирани рендери над детално изработен 3д моделот.

Доколку сакате да го споредите напредокот на нашиот дизајнер и разликата помеѓу дигиталните цртежи и 3д рендерот, погледнете ја првата објава на концептот Ferrari CascoRosso на следниот линк.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.