full screen background image
Search

Знаменосецот на Mercedes-Benz – новата, грандиозна S-Class пристигна во Македонија!

Големиот, луксузен знаменосец на Mercedes-Benz веќе пристигна во салонот на Мак Аутостар!

Три месеци по официјалната премиера, новиот знаменосец на Mercedes-Benz – големата и луксузна S-Class – пристигна и во Македонија. Големиот, луксузен седан со себе носи многу, многу нови технологии чија единствена цел е да понуди врвен мир во возењето.

Кабината на S-Class добива целосно-нова генерација на управувач со напредни сензори и контроли, како и ревидирана верзија на MBUX системот за интеракција. MBUX системот реагира на командата „Hey Mercedes“ и сега функционира уште поинтуитивно, а секое седиште добива засебен пристап до асистентот – кој сега разбира дури 27 јазици!

Секако, ќе добиете и супер-комфорни седишта во неколку различни конфигурации, врвни материјали и беспрекорна завршна обработка. Благодарение на зголеменото меѓуоскино растојание, кабината на S-Class сега е уште покомфорна – со повеќе простор за главите и нозете на патниците. Патниците ќе уживаат во сите овие благодети, како и во Burmester аудио уред со 4D Surround и 30 звучници, врвно амбиентално осветлување, седишта со масажа, ладење и греење и многу, многу повеќе.

Изложениот примерок е S400d, односно моќен турбодизел со 330 коњски сили. Но сепак, вистинското искуство е во кабината на S-Class – а таму новиот луксузен седан навистина постаувува нови правила на игра. Бидејќи навистина нема потреба многу-многу да зборуваме, едноставно ќе кажеме – уживајте во фотографиите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.