Alon Day е овогодинешниот NASCAR Whelen Euro шампион! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alon Day е овогодинешниот NASCAR Whelen Euro шампион!

Возбудливото финале во Шпанија ја заокружи оваа несекојдневна година во моторспортот.

29-годишниот Alon Day е овогодинешниот NASCAR Whelen Euro шампион. Тркачкиот серијал за кој пневматици со високи перформанси испорачуваат нашите пријатели од General Tire заврши уште една сезона, а титулата отиде токму кај Alon Day. Минатата сабота тој ја имаше својата 23-та победа во кариерата. Тој возбудено изјави дека е останат без зборови и дека „навистина беше тешко да се издржи сè што се случува, а овој викенд беше еден од најисцрпувачките во мојот живот. Успеавме, јас му се заблагодарувам на целиот тим – и навистина сум среќен!“

General Tire повторно испорачуваше пневматици за целата сезона – огромните мазни 300/700 R15 пневматици имаа тешка задача, но американскиот бренд е инволвиран во различни форми на моторспорт уште од 1957-мата година, па со себе носи навистина многу искуство.

Му честитаме на победникот, а им честитаме и на General Tire за уште една успешна сезона со NASCAR Whelen Euro. Пневматиците од General Tire – кои се дел од гигантот Continental – можете да ги најдете кај нашите пријатели од Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.