Освежената Alfa Romeo Giulia – и тоа во Ti изведба – пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Alfa Romeo Giulia – и тоа во Ti изведба – пристигна во Македонија!

Освежената Giulia – која добива нови технологии и модернизирана кабина – пристигна и кај нас!

Освежената Giulia – и тоа во уште поспортската Ti изведба – пристигна и во Македонија. Alfa Romeo неодамна ја освежи супер-привлечната Giulia, која покрај новите бои и новите опции за екстериерот, доби значителни новитети во кабината.

Со освежувањето, добиваме нов 8.8-инчен мултимедијален уред, кој располага со многу повеќе информации за возилото, а корисниците можат да си ја персонализираат почетната страна по сопствениот вкус. Дополнително, добиваме и редизајниран 7-инчен TFT инструмент панел кој има нов распоред и подобрена графика. Дисплејот е исто така надграден да дава повеќе моментални податоци за возачот.

Меѓу другото, препознаваме и нова централна конзола со кружни ротирачки команди со текстура на алуминиум, подобрени материјали на командите и подобрен простор за складирање на ситници. Во делот кај лежиштето на менувачот е сместено мало италијанско знаме – фантастичен детал! Конечно, приказната ја заокружуваме со редизајниран волан.

Alfa Romeo Giulia и понатаму е достапна со истата гама на турбо-бензински и турбодизел мотори, како и со мануелен или автоматски менувач. Во зависност од изведбата, Giulia може да се добие со погон на задните или на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.