Германскиот производител ја претстави електрицифираната верзија од компактниот модел А3, која доаѓа со подобри перформанси и одлична економичност.
Силата „извира“ од истиот 1.4-литарски турбо-бензинец, кој произведува 150 кс и 250 Nm вртежен момент. Сепак, тој е искомбиниран со електричен мотор од 109 кс и 330 Nm вртежен момент, кој е интегриран во шест-брзинскиот S-Tronic менувач, а силата се пренесува кон предните тркала.
Со системска моќност од од 245 кс и 400 Nm врежен момент, новиот A3 Sportback 45 TFSI е за 40 кс и 50 Nm посилен од моделот 40 TFSI е, кој беше претставен пред неколку месеци. Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 6.8 секунди, што е за 0.8 секунди побрзо, додека максималната брзина изнесува 232 км/ч.
Полнењето на литиум-јонската батерија од 13 киловат-часа преку конвенционален полнач завршува за околу 5 часа. Кога ќе се наполни, му овозможува на автомобилот да вози 63 километри без испуштање на издувни гасови според WLTP циклусот, а и да постигне максимална брзина „на струја“ од 140 км/ч.