ПРЕМИЕРА: Audi ја претстави плаг-ин хибридната изведба на A3 со ознаката TFSI e! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi ја претстави плаг-ин хибридната изведба на A3 со ознаката TFSI e!

Плаг-ин хибридниот хечбек на Audi има 204 коњски сили и може да помине до 67 километри на електрична енергија!

Новиот Audi A3 Sportback 40 TFSI e комбинира 1.4-литарски TFSI турбо-бензинец со 150 коњски сили и 250 Nm, со електромотор кој испорачува дополнителни 109 коњски сили и 330 Nm вртежен момент. Вкупната, системска моќност е 204 коњски сили и 350 Nm кои се пренесуваат кон предните тркала преку шест-степен S-Tronic менувач со двојна спојка. Резултат на сето ова е забрзување до 100 километри на час кое трае 7.6 секунди, како и максимална брзина од 227 километри на час, односно дури 140 километри на час на електрична енергија.

Уште поважно е дека со полни батерии, плаг-ин хибридниот A3 може да помине до 67 километри на електрична енергија (според построгите WLTP стандарди) благодарение на ефикасната батерија со капацитет од 13 kWh. Потрошувачката на бензин во овој случај е само 1.5 литри на 100 изминати километри. Возачите можат да одберат да возат само на електрична енергија со притискање на EV копчето, а автомобилот ќе стартува „на струја“ дури и на екстремно ниски температури.

Секако, вашиот Audi A3 40 TFSI e ќе можете да го комбинирате и опремите по ваша желба. Ние би одбрале соодветно-големи тркала и S-Line пакет бидејќи – по перформансите – ова е спортски хечбек во кој има многу потенцијал. Од Audi напоменуваат дека понатаму ќе понудат уште помоќна верзија, која дополнително ќе ги истакне спортските гени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.