Да „ѕирнеме“ во ентериерот на новиот Nissan Qashqai – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Да „ѕирнеме“ во ентериерот на новиот Nissan Qashqai

Nissan се подготвува да го претстави новиот Qashqai – а денес за прв пат имаме можност да погледнеме во кабината на новата, трета генерација на популарниот SUV.

Сега за сега не можеме да погледнеме во целата кабина, но сепак можеме да ги разгледаме централната конзола, инфозабавниот уред и уште неколку детали. Мултимедијалниот уред е со дијагонала од 9 ични и во него се интегрирани навигацијата, поврзувањето со мобилниот телефон и контролата на аудиото. Пред возачот е поставен нов, 12.3-инчен дигитален екран, а ќе може да се нарача и голем, 10.8-инчен хед-ап дисплеј.

Самиот податок дека хед-ап дисплејот ќе биде најголемиот во класата зборува за многуте хај-тек елементи во кабината на новиот Qashqai. Меѓу другото, новиот SUV ќе добие и брз безжичен полнач за мобилни уреди, Bose премиум аудио уред, Wi-Fi поврзување за до 7 уреди, амбиентално осветлување, седишта со масажа…

Интересна е и новата апликација за мобилни телефони која овозможува поврзување со автомобилот. Преку апликацијата сопственикот ќе добива соодветни известувања – за брзината, итн. Преку апликацијата ќе се добива и извештај за „здравјето“ на автомобилот, а возачите ќе имаат увид и во историјата на возењето на возилото. Дополнително, Nissan воведува и можност за следење на возилото доколку биде украдено.

Официјалната презентација на новиот Qashqai се очекува на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.