AC Schnitzer претстави стајлинг пакет за новата BMW Серија 4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer претстави стајлинг пакет за новата BMW Серија 4

Германската тјунерска компанија претстави бодикит за дотерување на контроверзниот дизајн на новата Серија 4 на BMW.

Пакетот содржи преден спојлер и сплитер, заден кровен спојлер, странични прагови и карбонски спојлер над багажникот. Во понуда се и нови завршетоци на издувните цевки во хром, црна или карбонска завршница.

За подобар став на автомобилот, понудени се сет лесни алуминиумски AC1 фелни од 19 и 20 инчи, достапни во една или две бои. Тука е и сет пружини кои го приближуваат автомобилот за 30 милиметри кон подлогата, како и целосно нова прилагодлива суспензија која може да го спушти од 20 до 30 милиметри.

Сите овие елементи ќе бидат достапни за нарачка од AC Schnitzer од Февруари наредната година, а наскоро ќе биде претставен и пакет за надградба на перформансите.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.